4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фејсбук“: Украдени се податоците на 29 милиони корисници

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека е утврдено дека во хакерскиот напад пред две недели се украдени податоци на 29 милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Кога беше откриен нападот, првично беше соопштено дека се украдени личните податоци на 50 милиони корисници, но се утврдило дека бројот е помал.

Во денешното соопштение на компанијата се наведува дека од 29 милиони корисници се украдени нивните имиња, и-мејл адреси, дати на раѓање и веб-адресите кои најчесто ги посетувале.

„Фејсбук“ соопшти дека ќе ги извести сите оние чии податоци се украдени.