13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Странците во оваа земја заработуваат во просек 9.390 евра месечно

Според резултатите на анкетата на банката „HSBC“, странците во Дубаи во просек заработуваат 138.177 долари годишно, или 112.633 евра, што е околу 9.390 евра месечно.

Освен тоа, 72 отсто од странците рекле дека сега имаат повеќе пари отколку кога работеле во својата татковина.

Според резултатите на истата анкета, најголеми плати на странци се исплаќаат во Мумбај во Индија, каде во просек заработуваат 217.165 долари годишно, односно 177.019 евра.

Анкетата исто така покажала дека Дубаи е едно од најдобрите места во светот во поглед на приликите за вработување и богатиот социјален живот.

Спонзорирано: