3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски во затвор треба да оди за дваесетина дена, вели Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

„Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена бидејќи како што рече до петок би требало да ја добијат пресудата по што ќе почнеле да течат тие дваесет дена“ – рече Јанева.

Таа, во емисијата рече дека се надева оти СЈО ќе успее да опстане и да се бори против највисоката корупција, и тоа не само кога станува збор за прислушуваните разговори, туку и сега доколку се случува од актуелната власт.

– Нашите предмети нема да завршат со овие пет години мандат. Тој процес трае. Повеќе се насочивме и најмногу работиме на финансиски истраги, да се вратат парите во буџетот, одземени на криминален начин, рече Јанева.

Јанева во „Само Вистина“ зборуваше и за најново отворените истраги за шесте случаи под кодните имиња “ Подарок“, “ Пропаганда“, „Дизајн“ “ Хармонија“ „Базни Станици“ и “ Пациент“ во кои постојат основи за сомнение за проневера на 80 милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Во овие случаи покрај Груевски и Јанакиевски за прв пат има истраги за генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, екс министерот за финансии Ставревски, и актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи.