5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Државата со закон ќе ја забрани прељубата

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повикал Турците да размислат за прогласувањето брачно неверство како незаконско и нагласил дека одложувањето на истата одлука 2004 година била грешка.

„Мислам дека сега е вистинско време повторно да расправаме по прашањето за прељуба со оглед на тоа што нашето општество сега има поинаков став“, рекол Ердоган по говорот во турскиот парламент.

„Првпат ова го предложивме 2004 година, но тогаш одлуката ја одложивме како би биле во склад со ЕУ прописите, но погрешивме“, уверен е турскиот претседател.

Турција се откажа од криминализацијата на прељубата поради пристапните преговори со Европската Унија, која ја критикува земјата за скратување на личните слободи на граѓаните. Криминализацијата на прељубата е тема на расправа во Турција со децении.

Спонзорирано: