23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Бившата жена го замолила да купи лек за керќичката. Кога го погледнал нивниот фрижидер, останал зачуден

Брендон Карпентер има ќеркичка која му е сè во животот. Иако веќе не е во врска со мајката на девојчето, се труди да биде тука за неа и да ја одгледа најдобро што може.

Еден ден, неговата бивша жена го замолила да купи лек за ќерката во аптека.

Кога Брендон дошол кај нив, го отворил фрижидерот. Кога видел што има внатре, веднаш истрчал надвор. Меѓутоа, брзо се вратил…

Она што го забележал во фрижидерот го натерало да го сподели своето мислење со пријателите на Фејсбук. Неговите зборови наишле на позитивни реакции од илијадници луѓе.

Имено, Брендон бил шокиран бидејќи фрижидерот бил потполно празен. Во него немало ништо освен вода.

Полицата на која стои храната за ќерката била полна, ништо не недостасувало, па таа глетка го растажила.

„Мојата бивша жена напорно работи, а по работата се грижи за нашето дете. Плаќа кирија, сметки, поправки на автомобил. Денес отидов до продавница, така што таа ќе има храна за 2 недели. Фактот што веќе не сме заедно не значи дека веќе не треба да се грижам за неа и нејзините потреби. Ако мајката на моето дете е добро, знам дека ќе се грижи за нашето дете најдобро што може. Тоа ми е многу важно. Многу од вас мислат дека би требало да се грижам само за детето… но тоа би било незрело од моја страна. Имаме одговорност за сите аспекти од нашиот живот“, напишал Брендон.

Неговиот однос наишол на најпозитивни реакции. Се надеваме дека ќе послужи како пример за сите.

Спонзорирано: