10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети со празнична порака:Храброста и жртвувањето на паднатите борци треба да ни послужи како патоказ за денешните одлуки

Имам чест на празнувањето на државниот празник на Народното Востание да Ви се обратам со порака дека нашите заеднички напори, како тие од пред 77 години, така и денешните, секогаш победуваат затоа што го преставуваат правиот пат, патот на единството, слободата, мирот, безбедноста и стабилноста како и добрите меѓуетнички односи помеѓу сите нас, се вели во празничната порака која ја испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

,,Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се построија на исправната страна на историјата и победија. Ние, денес, ја имаме неповторливата можност за да ја продолжиме нивната посветеност и да го завршиме нашиот заеднички долг и макотрпен пат кон интеграцијата во НАТО и Европската Унија.

Храброста и жртвувањето на паднатите борци и ветераните треба да ни послужи како патоказ за денешните одлуки затоа што пред нашата генерација стои важна одлука за тие што ќе дојдат по нас. Во духот на историските заеднички напори за слобода, да дејствуваме заеднички за мирна, стабилна и сигурна иднина, со храброст, визија и одлучност за иднината на нашите генерации”, се додава во пораката на Ахмети.

Спонзорирано: