3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе има ли пресврт: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сепак дојде на расправата за уставните измени

Германската влада го објави писмото кое канцеларката Меркел му го испратила на македонскиот премиер Заев на 5 октомври. Во него Меркел ветува натамошна поддршка за имплементација на Преспанскиот договор.

Меркел оценува дека големо мнозинство од над 90 проценти од оние кои гласале на референдумот се изјасниле за поддршка на Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Во писмо Меркел вели дека сега е задача на парламентот да го спроведе договорот до крај.
Во Собранието започнa седницата на Комисијата за уставни прашања на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, обврска што произлегува од Договорот од Преспа.

На седницата се присутни премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај шпекулациите дека тие нема да присуствуваат на седницата на која ќе се разгледуваат уставните амандмани.

Комисијата доцнеше поради координација на ВМРО-ДПМНЕ со пратеничката група.

ВМРО-ДПМНЕ гласаше против дневниот ред на која има само една точка – предлог за пристапување кон уставни измени. Дневниот ред беше усвоен со 9 гласа ,,за”. Комисијата може да трае најмногу 10 дена. Пленарната седница е закажана за в понеделник.