13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Не им се нудат пари на пратениците да гласаат за уставните измени

Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, порача денеска премиерот Зоран Заев во врска со уставните измени што ги предложи Владата, а кои се влезени во собраниска процедура. Седница на која ќе се дискутира за уставните амандмани, премиерот очекува уште денеска, но вели дека не може да каже дали веќе е обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

„Тоа може да се каже на моментот на одлучувањето. Секако низ дебатата во парламентот, јас верувам и ќе видиме сите дали тоа мнозинство постои или не. Нема да дозволиме ништо да се упропасти. Ние разговаравме со многу пратеници, лично јас разговарав, а и пратеници со пратеници и видовме дека постои една убава прогресивна маса на пратеници која што е доволно сериозен мотив и причина да ги отвориме постапките како што тоа вчера Владата го направи. Овие денови се надевам парламентот брзо ќе закаже Уставна комисија да може да се отвори дебатата. Морам да ги отстранам и шекулациите за пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен“, рече Заев.

Во однос на објавите дека се обезбедени 80 пратеници, премиерот вели дека процесот не е математика и бројки, туку ќе се постигне преку разговор и мотивација за одговорност.

„Сакам уште денес да има седница, ама никој не ме прашува, тоа зависи, пред сè, од претседателот на Собранието. Ако успее, супер, ако не – нека ми каже некој што понатаму. Остануваат предвремни избори за обезбедување двотретинско мнозинство. Но, да се фокусираме на парламентот. На избори се знае кој ќе победи, но ќе изгубиме време, два-три месеци, јавноста е заморена од избори“, порача Заев.

Спонзорирано: