12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Турција воведува квоти за увоз на челик

Турција ја извести Светската трговска организација (СТО) дека од 17 октомври ќе воведе квоти за увоз на челик, за да ја заштити домашната индустрија за челик.

„Заштитните мерки се последица на непредвидливите настани кои директно влијаеа на количината на увоз на споменатите производи во Турција“, се наведува во поднесокот на турското министерство за трговија доставено до СТО.

Турција е атрактивен пазар за производи од челик кои се предмет на сѐ поголем број заштитни мерки.

„Токму тие мерки, кои почнаа да се применуваат ширум светот, предизвикаа зголемен прилив на челик во Турција“, се додава во документот.

Соединетите Американски Држави во август ги зголемија за два пати тарифите за турскиот алуминиум и челик, кои сега изнесуваат 20 проценти за алуминиумот и 50 за челикoт. Трговскиот спор помеѓу Анкара и Вашингтон изби во март, кога американскиот претседател, Доналд Трамп за прв пат воведе 10 отстотна и 25 отстотна царина на увоз на челик и алуминиум за земјите кои се трговски партнери на САД, меѓу кои и Турција. Официјална Анкара тогаш соопшти дека тарифите се неприфатливи и најави контрамерки.

Спонзорирано: