11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прими поткуп од 120.000 денари – полицијата веднаш му стави лисици и го однесе во притвор, детали за драмата во Сопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истрага против едно лице од Скопје, вработено во МЕПСО, кому му се става на товар дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

Јавното обвинителство на Република Македонија ​соопшти дека осомничениот како вешто лице побарал и примил 2000 евра за заверување на веќе изготвено економско-финансиско вештачење.

„На 6 октомври по претходен договор осомничениот ги примил обележените банкноти од пријавителот, по што по интервенција на овластени службени лица парите се пронајдени кај осомничениот и тој е лишен од слобода. Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка со решение на осомничениот му определи мерка куќен притвор. На ваквото решение, Основното јавно обвинителство денеска до Советот на Основниот суд – Штип достави жалба“, соопшти ЈОРМ.

Спонзорирано: