12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАТОП ВЕСТИ

Поради бришење на фајлови на корисниците, повлечено октомвриското ажурирање на „Виндоус 10“

Објавата на „Мајкрософт“ за ажурирање на оперативниот систем „Виндоус 10“ во текот на октомври 2018 година, несомнено е една од најпроблематичните во последниот период. Иако и претходните надградби имаа проблеми, кај најновото ажурирање е регистриран сериозен проблем, односно бришење на фајлови на корисниците.

Исто така, постојат грешки и во „таск менаџер“, некомпатибилност со драјверите на „интел“, проблеми со поврзувањето со интернет итн.

Откако голем број на корисници ги пријавиле овие проблеми, „Мајкрософт“ одлучи да го повлече ажурирањето за октомври.

На својата интернет страница во историјатот за ажурирања на „Виндоус 10“, компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека привремено ја запира надградбата на оперативниот систем, додека не се открие што го причинува проблемот со исчезнување на фајлови на корисниците.

Она што е загрижувачко во врска со оваа надградба, е фактот што во јавност беше пуштена без претходно да ја мине стандардната проверка за софтверски проблеми и грешки, кои мора да се исправат пред официјалното објавување.

Засега не е познато кога „Мајкрософт“ повторно ќе го испорача најновото ажурирање за „Виндоус 10“.

Спонзорирано: