20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Мицкоски пак му пиша на Заев

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му пиша отворено писмо на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

– СДСМ одби, Премиерот молчи. Паднаа маските и се покажа вистинското лице на власта.
За жал СДСМ имаше прилика да докаже дека борбата против криминалот има некакво значење за оваа власт. Наместо тоа Заев покажа три работи:

Прво, преку неприфаќањето на предлогот и неговото молчење за формирање на независно обвинителство кое ќе се бори против криминалот одбра да се стави во улога на заштитник и промотор на криминалот, неправдата и безаконието во оваа држава. Дополнително со тоа покажа дека борбата против криминалот е само фарса за оваа власт и дека токму таа кумува со сите криминални процеси во државата.

Второ, со самото тоа што не се откажува од штетниот договор Заев не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот се отфрли. Договорот преку кој Заев сака да ја прекрсти на сила државата и народот, е последната сламка за спас на неговата кариера и неуспешен обид да избега од одговорност за сите афери и скандали. Нема друга држава во Светот каде премиерот отворено си кажува дека нема да ја почитува волјата на мнозинството граѓани и јавно кажува дека поисплатливи му се јаловите обиди за условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине.

И трето, со отфрлањето на предлогот кој го дадов, Заев и власта покажаа дека се плашат од слободни, фер и демократски избори, затоа што знае дека на тие избори народот ќе си дојде по своето и ќе бидат жестоко поразени, како што беа и на референдумот што помина.

Затоа би порачал уште еднаш да размисли власта и премиерот, затоа што не е сеедно кој на чива страна бил. Јас веќе одбрав, со народот, на страна на правдата и нашата Македонија., напиша Мицкоски во писмото објавено на сопствената фејсбук страница.

Спонзорирано: