6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Референдум за забрана на истополовите бракови во Романија

Во Романија денеска почна дводневниот референдум за уставните амандмани кои би ја отежнале легализацијата на истополовите бракови. Референдумот го иницираше конзервативна група, а го поддржа Романската православна црква.

Според предложениот амандман, во Уставот дефиницијата за семејство би била ревидирана во „заедница меѓу маж и жена“, наместо „заедница меѓу сопружници“.

Со романскиот закон истополовите бракови се забранети.

Противниците на предложениот амандман наведуваат дека новата формулација во Уставот претставува злонамерен обид на припадниците на ЛГБТ заедницата да им се создаде чувство дека се граѓани од втор ред.

Тие предупредуваат дека тоа би можело да ги маргинализира и домаќинствата кои ги водат самохрани родители или невенчани двојки кои имаат деца.

За референдумот да биде валиден, потребно е на него да гласаат 30 отсто од запишаните гласачи.

Спонзорирано: