23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на ДПМНЕ – еве што се случува

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашниот состанок на Извршниот комитет на партијата.

Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, а седницата треба да почне околу 7:30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот состанок на ИК постави три барања- техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.

На состанокот беше истакнато дека партијата не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија.

Спонзорирано: