4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по ВМРО ДПМНЕ

Нервозата во врвот на ВМРО-ДППМНЕ денеска кулминира со недозволиво понижување на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ, над шестотини илјади граѓани што гласаа на референдумот се нерелевантни, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, тоа е истата матрица на Никола Груевски преку која со години граѓаните беа малтретирани, понижувани и омаловажувани, која им го кратеше правото на глас, на слободно изразување и слободен говор.

„Фокусиран на амнестијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави, партијата не знае каде тера. Нема ништо порелевантно од волјата на над 600 илјади граѓани“, се додава во соопштението.