20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈА

САД се подготвени да гo споделат ‘арсеналот’ за кибер-војна со сојузниците во НАТО

Во услови на зголемени тензии со Русија, НАТО се обидува да ја интензивира соработката меѓу своите членки за споделување на националните експертизи за кибер-одбрана и да ги интегрира националните искуства во својата воена структура, пренесува „Спутник“.

Вашингтон е подготвен да ги искористи своите можности за кибер-војна за да ги спречи наводните руски кибер-напади во Европа и на други места во светот ако тоа го побараат нивните партнери во НАТО, изјави за новинарите Кети Колбаргер, заменик помошник-секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. Таа сепак додаде дека иако работат на зајакнување на капацитетите на своите сојузници и партнери, САД ќе ја задржат контролата врз својот персонал и способности.

Американскиот Комитет за разузнавање во Сенатот во четвртокот го одобри нацрт-законот со кој се олеснува размената на информации за заканите од кибер безбедноста меѓу приватните компании и разузнавачките агенции на САД. Критичарите стравуваат дека тоа е закон за надзор со друго име.

За време на самитот во јули, членките на НАТО се согласија за користење на нивните кибер-можности за заштита на мрежите и одговор на кибер-нападите. Иако се внимателни околу употребата на офанзивните кибер-способности, тие сé уште велат дека компјутерскиот напад врз сојузник ќе поттикне одбрамбена реакција на НАТО.

Во вторникот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека министрите за одбрана ќе имаат работна седница подоцна неделата за да разговараат за тоа како членките на НАТО можат да соработуваат за спречување на таквите закани. Столтенберг лани објави дека министрите за одбрана на НАТО одлучиле да формираат Центар за кибер операции за да се приспособат на промената на безбедносната средина како дел од тековните напори за модернизација на командната структура на Алијансата.

Спонзорирано: