4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Резултатите од референдумот да се спроведат во Собрание, вели Богданов

Костадин Богданов, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека ќе ги разгледуваат наредните чекори.

Има опција да се поддржи договорот во Собрание или предвремени избори. Не знам какво е расположението, ова е прв состанок по референдунот, но мое лично убедување е да се заврши процесот во Собрание, ова е пораката која Богданов ја испрати до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќето членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани од коментар пред почетокот на состанокот, велат дека нивните ставови ќе ги соопштат по завршувањето.

Меѓу првите кои пристигнаа беа Тони Михајловски , Коце Трајановски, Владимир Неловски, Драган Данев.