Ципрас и Заев меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, тврди шведски новинар

Грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, изјави Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловата награда во шведската новинска агенција ТТ, во интервју за грчката новинска агенција АНА.

„Тешко е да се каже кој е номиниран и кој не е номиниран бидејќи тоа е половина тајна, но тие се споменати за наградата“, вели Нумелин.

Тој додава дека секоја година има многу шпекулации и дискусии за тоа кој ќе ја добие наградата за мир. „Оваа година многу се зборува за Корејскиот Полуостров, зборуваат за ситуацијата со бегалците, ситуацијата околу преговорите меѓу Грција и Македонија“, вели Нумелин.

Тој додава дека многумина од членовите на комисијата за наградата ќе сметаат дека е идеално Нобеловата награда за мир да им биде дадена на двајцата премиери или на некој друг кој учествувал во преговорите. Тој истакнува дека малиот одѕив на референдумот ги отежнува работите. „Но, ништо не е невозможно“, додава Нумелин.

Во тренд…