3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради оштетен мост, во прекин железничкиот сообраќај Велес – Гевгелија

Поради деформации на мостот над Црна Река, меѓу станиците Градско и Кукуричани, железничкиот сообраќај на релација Велес – Гевгелија е во прекин, соопшти Македонски железници – транспорт АД.

„Од денеска, поради појавени деформации на бетонскиот мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани, патниот правец Велес – Гевгелија е прекинат за сообраќај. Прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, за што ќе бидете благовремено информирани“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, возовите што сообраќаа на релација Скопје – Гевгелија и Гевгелија – Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.

Спонзорирано: