Еден ден по референдумот во Македонија, за грчката телевизија „Антена“ во Њујорк посредникот на Обединетите нации во македонско-грчките раговори за името, Метју Нимиц, коментирајќи го референдумскиот ден во земјава, како и недоволниот одѕив на гласачите, во својата изјава истакна дека фокусот треба да се стави на оние кои излегле и кои гласале „за“.
Нимиц во својот коментар додава дека оние кои гласале „против“ или, пак, оние кои не излегле на гласање не нудат друга алтернатива. Договорот од Преспа, според посредникот на ОН, е најдоброто можно решение и го отвора патот за стабилна иднина на целиот Балкан.
Нимиц испрати порака и до раководството и политичарите во Македонија. Тој во својата изјава за грчката ТВ „Антена“ посочи дека сега раководството и политичарите во земјава ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја.