13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Радувај се Македонијо: Европска Македонија освои повеќе гласови од кои било избори во историјата на државата

Денес е важен ден за државата и граѓаните, рече во своето обраќање премиерот Зоран Заев и им честиташе на сите граѓани кои, како што кажа, достоинствено гласале и со мнозински глас порачале дека иднината на земјава е во НАТО и ЕУ.


„Конечно секој граѓанин донесе одлука, своја сопствена одлука. Тоа е вредноста на демократијата“, истакна премиерот и им се заблагодари, на сите што гласале – и тие „за“ и тие „против“.

Заев упати благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што рече, и покрај бојкотот за кој се залагала партијата, излегле и гласале на референдумот.

„Европска Македонија доби повеќе гласови од кој било победник, на кои било избори во историјата на независна Македонија. Дури и да имаше цензус, оваа бројка ќе значеше јасна обределба ‘за’“, нагласи премиерот.

Тој истакна и дека алтернатива за членство на Македонија во НАТО и ЕУ не може да има.

„Ова е време кога заедништвото на политичките претставници треба да биде на највисоко ниво, за пратениците да одлучат, а во спротивно, опцијата е парламентарни избори веднаш“, порача Заев и додаде дека остануваат неколку денови за да се види дали ќе има двотреринско мнозинство.

Премиерот, исто така, истакна дека телефонски разговарал и со грчкиот колега, Алексис Ципрас, кој изразил очекување договорот да се примени.

Во обраќањето, Заев рече дека ќе побара средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со пратениците, а одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека крајот на ноември е примамлив датум за избори.

„Граѓаните ни дадоа чиста, кристална порака. Нема бегање од одлуките. Јас сум релаксиран и среќен“, кажа премиерот пред новинарите.

Спонзорирано: