4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Опозицијата во паника: Димитров се огласи во јавноста по фалсификуваното соопштение за негова оставка

Министерството за надворешни работи најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум.

Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани.

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина.