13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

НИКОЛА ДИМИТРОВ ОСТАНУВА ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ: Не е точно дека си поднел оставка од министерската функција

Не е точна информацијата која проструи во јавноста дека министерот за надворешни работи си поднесе оставка, објави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Министерството за надворешни работи најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум.

Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани.

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија,

Спонзорирано: