13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Четири медали и четири високи пласмани за каратистите на Макпетрол од Ријека

Каратистите на карате клубот „Макпетрол“ на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен 2018“ во Риека-Хрватска, во конкуренција на 25 држави и 1915 спортисти, освоија 4 медали, од кои 1 сребрен и 3 бронзени, а исто така освоија и четири високи пласмани на петтото место.

Во сениорска конкуренција медалите за КК „Макпетрол“ ги освоија: Моника Пендароска (-55 кг) и Давид Петков (67 кг), освоија бронзени медали, додека во возрасната категорија на помлади сениори (У-21), Петар Спасеновски (-84 кг) освои сребрен медал. Во истата категорија, Давид Петков го освои вториот бронзен медал на овој турнир.

Високи пласмани на петто место остварија: Петар Заборски (-75 кг) и Петар Спасеновски во сениорска конкуренција, додека Глигор Петков (-75 кг) и Давуд Рамаданоски (-68 кг) го остварија истиоот пласман во јуниорска конкуренција. Сите тие се бореа за влез во финале, но загубија и потоа и во репасажните борби не успеаја да освојат медал.

Бошко Заборски, тренерот на КК „Макпетрол“ изјави:

„Сакам да истакнам дека сме многу задоволни од постигнатото. Од Македонија, на турнирот во Ријека учествуваа вкупно 44 каратисти и беа освоени само 5 медали, сите освоени од страна на каратистите од КК „Макпетрол“. Затоа сакам да потенцирам дека сите наши натпреварувачи оставија извонреден впечаток и презентираа врвно и модерно карате на овој високо рангиран европски карате турнир што се одржа во Ријека“.

Спонзорирано: