8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Грција околу референдумот

Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција, по референдумот.

Оттаму резултатите ги коментираат како контрадикторни. Преку соопштение, грчкото МНР вели дека Грција останува обврзана кон договорот од Преспа.

„Резултатот за референдумот во поранешната југословенска Република Македонија кој е консултативен, а не дел од обврзувачките услови од договорот од Преспа е контрадикторен. Преовладува „за“, но без соодветна излезеност“, коментира грчкото МНР.

Според нив, кон скептицизмот придонеле климата на национализам и сомнеж, лажните вести и фанатизмот. Додаваат дека за следните чекори потребна е трезвеност од сите страни.