15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Севернокорејскиот лидер испрати подарок до претседателот на Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун испрати подарок до претседателот на соседната Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, еден пар бели севернокорејски кучиња од расата „пунгсан“.

Ова е најнов знак на ненадејно „затоплување” во односите меѓу корејските ривали, пишува агенцијата „Ројтерс“ во својот напис.

Расата на кучиња „пунгсан“, именувана по област во Северна Кореја, е позната по својата лојалност и вештина на лов, па дури и лов на тигри, а во Северна Кореја овие кучиња имале значајно место, додаваат светските медиуми.

Двете кучиња ќе живеат заедно со „првото куче” на Јужна Кореја, Тори, во претседателскиот комплекс во Сеул.

Мун Џае-Ин, инаку е добро познат љубител на животни, тој го посвои своето куче Тори во јули минатата година, два месеци по преземањето на функцијата.

Ова не е првпат еден севернокорејски лидер да испрати на подарок кучиња на лидерот на Јужна Кореја, наведува „Ројтерс“.

За време на мандатот на претходниот севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ил, таткото на Ким Јонг-Ун, во 2000-та година испратил две кучиња од истата раса на подарок до тогашниот јужнокорејски претседател, Ким Дае-Џунг по повод првиот самит кој се одржал меѓу двете земји, додава британската агенција во својот напис.

Спонзорирано: