15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради недостиг на ливчиња од гласачкиот кочан во село Грчец, речиси еден час било прекинато гласањето

Во 12.45 часот било пријавено дека на гласачкото место број 2436 во село Грчец било прекинато гласањето во периодот од 12.25 до 13.13 часот поради недостиг на ливчиња од гласачкиот кочан, инфомрираат од МВР.

„На гласачкото место број 399 во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар било пријавено дека 72-годишно лице од Гостивар, по остварувањето на своето право на гласање, го искинал гласачкото ливче по што побарал друго. Лицето било приведено во полициската станица во Гостивар за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат и за уште еден инцидент што се случил на гласачкото место број 2447 во село Ласкарци, каде што член на невладина организација пријавил дека бил малтретиран и добивал закани од членовите на избирачкиот одбор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: