18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Нарушувања на изборниот процес: Полицијата презеде акција, сите што се огрешиле ќе сносат одговорност

На избирачко место бр.2539/1 во ОУ „Његош“ во Колонија, пријавено е дека М.С. (55) го фотографирал своето гласачко ливче. МВР денеска соопшти дека е известен јавен обвинител, a M.С. е во полициска станица за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово, стои во соопштението, набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи. За настанот известен е јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Се работи на расчистување на случајот.

Како што соопштуваат од МВР, во Полициската станица во Кочани, М.С. (54) од Кочани пријавил дека пред гласачко место бр. 852, пред Домот на културата во Кочани, од страна на непознато лице, бил навредуван бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за Т. Н. од Кочани и тој е повикан на разговор во ПС Кочани.

Спонзорирано: