10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Највисоки функционери од ВМРО ДПМНЕ – прогресивни сили во Македонија, излегоа и гласаа на референдумот

Градоначалникот на Општина Кавадарци и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев денеска го оствари своето право на глас на Референдумот во Македонија.

Истовремено на референдумот излегоа и пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова, која воедно ја врши функцијата и претседателка на Унијата на жени на партијата.

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески исто така гласаше на денешниот референдум.

Centar.mk дознава дека на референдумот излегле да гласаат и повеќемина други функционери од ВМРО ДПМНЕ, кои важат за дел од прогресивното и прозападно крило на партијата.

Спонзорирано: