12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Мост: Гласањето без проблеми, до 13 часот излегле 16 отсто од гласачите

Одѕивот на гласачите, според ПВТ програмата на МОСТ, до 13 часот е 16% со маргина на грешка од +/- 0,32%.

Од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се следните информации за текот на гласањето:

• На ГМ 1238, општина Демир Капија, на гласач му било дозволено да гласа без да биде проверен во Избирачкиот список. Повикана е ОИК, по што е направен записник во кој е костатирано дека ќе има повеќе ливчиња од потписи во списокот.

• На ГМ 1204, с. Пуста Река, општина Крушево, на 8 гласачи им било дозволено да гласаат без да се потпишат во Избирачкиот список. Грешката е увидена од страна на ИО, направен е записник за случајот, повикана е ОИК, а гласањето продолжило.

• На ГМ 2934/1, општина Чаир, 8 гласачи не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, иако тврделе дека се регистрирани во електронската форма на ИС.

• На ГМ 2680, општина Аеродром, тројца гласачи не можеле да се пронајдат во ниту во изводот од Избирачкиот список, ниту на веб-страницата.

• На ГМ 2232, с. Голозинци, општина Чашка, ИО не удрил печат на 4 гласачки ливчиња. ОИК дала инструкција случајот да се внесе во записник.

• ГМ 0404, во с. Чајле, општина Гостивар, избирачкиот одбор (ИО) откинал 33 ливчиња од кочанот заедно со серискиот број. Направен бил записник за случајот.

Спонзорирано: