13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Моќен тајфун ја погоди Јапонија, евакуирани над 250 000 луѓе

Силен тајфун ја погоди Јапонија поради што се откажани авионските летови и поаѓањата на возовите, вклучително и во областа на Токио. Во јужниот дел од земјата повредени се најмалку 51 човек.

Властите предупредуваат на силни ветрови и обилни дождови. Фармите и куќите во Мијазаки, во јужниот дел на главниот остров Кјушу, се поплавени кога тајфунот, наречен Трами, се појави во југозападниот дел на државата.

Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе на широко подрачје, вклучително и на над 250 000 жители на градот Токушима на островот Шикоку, јави националната телевизија НХК.

Голем број авионски летови се откажани на главните аеродроми во Јапонија, вклучително и на аеродромите „Нарита“ и „Ханеда“ во Токио.

Бурата вчера оштетила и далноводи на јужните острови на Оникава. Се очекува Трами да го погоди и Токио, а утре и северниот дел од земјата.

Спонзорирано: