10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Комисија на Јавното обвинителство ќе следи дали има неправилности на референдумот

Привремена комисија формирана од Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот.Во комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје.

Обвинителствата ќе бидат во контaкт со припадниците на МВР, кои ќе бидат на терен и доколку има некое кривично дело да ги известат за да можат да дејствуваат навремено и да собираат докази.Целта на ЈОРМ е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.

Јавното обвинителство ги повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со органиизирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до комисијата на електронската адреса: referendum@jorm.gov.mk.

Спонзорирано: