4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Индонезија: Со години не работел системот за предупредување од цунами

Системот за рано предупредување од цунами, кој би можел да ја спречи смртта на 832 лица, кои загинаа во цунами кое следеше по земјотресот што го погоди индонезискиот остров Сулавези, веќе со години не функционира, бидејќи е во фаза на тестирање.

Овој високотехнолошки систем, со сензои на морското дно и оптички кабли, се наоѓа во пробна фаза околу пет години, а би требало да го замени системот кој е поставен, откако во земјотресот и цунамито во тој регион загинаа околу 250.000 луѓе во 2004 година, пренесе АП.

Во меѓувреме, спасувачки екипи трагаат по преживеани. Се расчистуваат урнатини и се доставува храна и вода до отсечените делови. Војската со хеликоптер доставува намирници до загрозеното население.