15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Елон Маск поднесува оставка во „Тесла“ и ќе плати казна од 20 милиони долари

Основачот на компанијата „Тесла“, Елон Маск, кој се соочува со обвиненија на Американската комисија за хартии од вредност ( СЕЦ) за измама поради наводно ширење лажни информации за продажба на компанијата на Твитер, во наредните три години нема да биде на чело на управата на „Тесла моторс“. Тој ќе мора да отстапи од местото претседател на управата на три години и да плати казна од 20 милиони долари.

,,Гревот” на Маск е што преку Твитер порача дека размислува за повлекување на акциите на „Тесла“ од берзата и дека тоа е најдобриот пат за развој на компанијата. Тогаш, меѓу другото тој рече дека ја има поддршката од инвеститорите, како и тоа дека на акционерите ќе им бидат понудени по 420 долари од акција.

Американската комисија за хартии од вредност го обвини Маск за лажни твитови и дека никогаш не разговарал за тоа со некого од финансиерите. СЕЦ во тужбата бараше и покрај одземањето на лидерската позиција во компанијата, дополнително да му се забрани да биде директор во која било друга компанија што работи на берзата. Маск ги негираше сите обвиненија, тврдејќи дека вистината му е на прво место, односно дека сè што правел било во интерес на компанијата.

Спонзорирано: