10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Стефан Величковски е новото лице на Моделс Ин

Модната агенција „Моделс Ин“ склучи договор со македонскиот пејач Стефан Величковски за да го застапува во светски рамки.

Имено, пејачот Стефан Величковски покрај големиот број на настапи со својот бенд во Македонија и учество во најгледаното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, ќе треба да најде доволно време за да се посвети на својот нов моден ангажман во модната агенција „Моделс Ин“ каде го очекуваат бројни фото сесии, рекламни спотови и модни едиторијали за престижни брендови.

– Соработката со Алек Наумовски и неговата модна агенција „Моделс Ин“ дојде сосема случајно. Во изминатите три месеци комплетно го променив својот начин на живот, редовно вежбам со мојот тренер Сергио Спасов и многу внимавам на својата исхрана, па влезот во модниот свет за мене претставува голем предизвик. Се надевам дека добро ќе се снајдам, но и верувам во тимот зошто долги години успешно функционираат, вели Величковски.

Како потсетување, Величковски своите последни две студиски песни ги сними во 2010 година во студиото на Лазар и Ена Цветкоски, а после цели осум години повторно одлучи се да се врати на естрада и да снима нови хитови.

Спонзорирано: