21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со Стево Лозановски, сопственик на компанија „Лотулс“: Не нудиме само алат, туку квалитет што заштедува пари и време

По 15 години постоење на македонскиот пазар, купувачите го препознаваат ЛОТУЛС како фирма со долгогодишно искуство во секторот на алати и машини за секаква намена, а голема доверба меѓу нив ужива и брендот МАКИТА кој го застапуваат од 2006 година. Главното мото на фирмата е квалитет и задоволување на сите барања на купувачите и корисниците на производите.

Лотулс нуди избор од преку 1.200 различни видови алати и машини на залиха, но и можност за нарачка на алат од над 5.000 различни високо квалитетни производи, како и квалитетен и искусен сервис, кој располага со соодветна опрема и многу голема залиха на резервни делови за целата гама на производи.

 

1. Каков алат најчесто користат македонските граѓани?

Македонскиот потрошувач има свој специфичен менталитет. Желбата да се купи квалитетно за малку пари е секогаш во преден план, но тоа е и очекувано, бидејќи станува збор за глобален тренд. Тенденцијата да се купи што е можно поевтино нормално понекогаш подразбира и понизок квалитет. Таквата практика носи постојана зависност од набавка на алати. Се купува и во продавниците и на пазар. Граѓаните користат секакви алати. И стари и нови, квалитетни и неквалитетни, соодветни и несоодветни. Секако, во зависност од погонот, има потреба од рачни, електрични, акумулаторски, моторни, пневматски и хидраулични алати.

Брендовите играат голема улога во изборот на алатот. Во случајов со нашава фирма – застапник за Макита, изборот на електричен алат целосно е поврзан со препознатливоста и рејтингот на брендот.

На македонскиот пазар, навистина, има огромна понуда на сите можни брендови. Дури е премногу за големината на пазарот. Така што, македонскиот граѓанин тотално е збунет при потребата да набави алат за некаква употреба. И многу често греши при изборот поради слабата информираност, техничката необразованост и ниската куповна моќ. Бидете сигурни дека домот на просечниот македонски граѓанин е преполн со неупотребливи, оштетени и амортизирани алати. Нормално и квалитетот на направеното и изработеното е низок, како што е низок и стандардот на живеење. Малкумина работат со соодветен алат. Но, верувам дека тоа може да се смени на подобро со подобрата информираност и едукација. Тоа е нашата задача и пред сé, мисија! Ние не нудиме само производи, туку правиме избор и нудиме решенија.

2. Во природата на секој граѓанин е дома сам да чепка и да поправа. Во духот на мотото – направи сам, секој по дома има некаков алат. Но, колку на граѓаните им е важно да биде квалитетен алатот што го користат?

Повеќето од граѓаните имаат желба за квалитет на алатот што го користат. Иако ниската куповна моќ е аргументот против оваа желба и ограничувачки фактор што делува во спротивна насока, сепак на пазарот има понуда која дава голем избор. Нашата фирма ЛОТУЛС увезува програми за домашна употреба, како MATRIX и KAWASAKI, но и MAKITA која има професионална серија со хоби цени (МТ серијата, во минатото познат како МАКТЕС). МАКТЕС се наметна на пазарот како одличен алат со 3 години гаранција каде соодносот на цената и квалитетот е убедливо најдобар. Покрај професионалниот квалитет кој се бара, важен елемент е и гарантниот рок и солидната поддршка по продажбата. Тоа подразбира добро опремен и организиран сервис кој ги отстранува дефектите квалитетно и во најбрз можен рок. Тоа не е лесно да се воспостави поради малиот пазар каде сервисот е голем трошок во однос на волуменот на продажбата.

 

3. Добро ги познавате навиките на пазарот, односно на потрошувачите. Колку во домашни услови се користи професионален алат? Односно, практикува ли македонскиот граѓанин да користи професионален алат или повеќе е сконцентриран на мануелно извршување на активностите?

Рачно можат да се направат само ограничен број операции со денешното ниво на технологија и живеење. Зависноста од соодветен алат и машини во секој сегмент на производството, услугите и живеењето е многу голема. Занаетот како што функционирал во минатото не е функционален и конкурентен ако не се вклучат нови и поефикасни алати и технологии. Времето е пари, но квалитетот на направеното е клучен. Во домашни услови важи истото, не може да си дозволиме да трошиме многу време на редовни поправки и повремено реновирање, бидејќи и времето и ресурсите се ограничени и се бара ефикасност. Не секое лето може да поправаме и да се подготвуваме за зимата. Сите реновирања се прават на неколку години и мора квалитетно да бидат извршени за да не се повторуваат секоја година. Што, секако, претставува трошок и дополнителен ангажман. Затоа квалитетот на направеното е најважен за да живееме солидно и да напредуваме континуирано.

 

4. По што Ве препознаваат купувачите?

По 15 години постоење на македонскиот пазар, нашите купувачи добро го познаваат брендот МАКИТА кој го застапуваме од 2006 година. Но, ја препознаваат и ЛОТУЛС како фирма со долгогодишно искуство во секторот на алати и машини за секаква намена. Многумина ни ја дале својата доверба и целиот алат го набавуваат кај нас. Со ова, нашата обврска за сервисирање и задоволување на нивните потреби е двојно зголемена. Тековното одржување е клучно и мора да биде редовно за алатот да биде во состојба да го даде очекуваниот квалитет и да ја изврши функцијата за којшто е наменет квалитетно. Секој застој и проблем чини многу и во производството и во услугите. Затоа сé треба да се работи плански со подготвена екипа која ќе одговори на сите предизвици. Нашите купувачи знаат дека располагаме со огромен избор од преку 1.200 различни видови алати и машини на залиха, но знаат и дека може да испорачаме производи по нарачка во многу краток рок. Нудиме над 5.000 различни високо квалитетни производи. Во сервисот располагаме со соодветна опрема и многу голема залиха на резервни делови за целата гама на производи што ја нудиме во продажба. Но и за случаите кога некои производи не се на залиха, во момент успеваме да најдеме решение за брзо солвирање на проблемот и потребите на купувачите и корисниците на нашите алати и машини.

5. Имате богато долгогодишно искуство на македонскиот пазар како генерален застапник и дилер на многу светски брендови за професионален алат. Имате ли некоја новина за нашиот пазар?

ЛОТУЛС постои веќе 15 години. На почетокот на 2003 година беше основана од мојот татко Славе и брат Љупчо Лозановски. Тоа е и брендот ЛО – Лозановски и ТУЛС – алати. До ден денес, главното мото на фирмата е квалитет и задоволување на сите барања на купувачите и корисниците на производите коишто ги нуди нашата фирма и пред сé, изнаоѓање решенија за нивните потреби. Прометот расте секоја година и понудата се проширува со нови производи, услуги и брендови. Оваа година покрај веќе етаблираните брендови како МАКIТА, почнавме нов тајвански бренд М7 со одличен квалитет и врвни перформанси.

Спонзорирано: