11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Спасовски: Да ја прифатиме подадената рака за влез во ЕУ и НАТО, секој глас „за“ носи повеќе странски инвестиции

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера како дел од карванот на коалицијата „Заедно ‘за’ европска Македонија“ беше во посета на општина Крива Паланка. Спасовски за време на посетата оствари средби со жителите на неколку населени места од општина Крива Паланка, каде што со граѓаните разговарал за процесот на интеграција и придобивките од влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.

Според информациите, присутните граѓани изразиле огромна поддршка за остварениот напредок на Македонија во последната година и ги поздравиле можностите што се отвораат со пристапувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Светските и европските лидери ни подадоа рака, се отворија вратите за влез во НАТО и ЕУ. Имаме историска шанса да станеме рамноправен дел од најсилните светски сојузи и да ги живееме сите придобивки како и другите членки на ЕУ и НАТО. Ова е историска шанса за нашата генерација да обезбедиме иднина за нас и нашите поколенија“, посочи Спасовски за време на средбите.

Министерот Спасовски пред присутните зборуваше за придобивките од членството во ЕУ и НАТО потенцирајќи ги можностите за повеќе странски и инвестиции, како и пристапот до нови фондови и развојни линии за поддршка на стопанството, земјоделството и инфраструктурата.

Спонзорирано: