9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Николовски: Членството во НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и благосостојба на животните

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните ни обезбедување на безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој присуствуваше на 5-ти состанок на Меѓународниот Конгрес на групацијата „Вет-Истанбулска група“ и 8-от Меѓународен научен собир “Денови на ветеринарна медицина 2018” кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина, од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина, како институција чии што експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина, добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија, ја пофали Македонија за мерките кои што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија, веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти,кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.