5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Црна Гора подготвена за затварање на осум поглавја

Црна Гора е моментално подготвена да затвори две поглавја и набрзо ќе ги спроведе сите внатрешни процедури за затворање на уште шест поглавја од преговорите, изјави министерот за правда Зоран Пажин.

Тој во Подгорица разговараше со романскиот министер за правда Тудорел Тоадер, кој престојува во официјална посета на Црна Гора.

,,Црна Гора го цени долгогодишното пријателство со Романија и смета на нејзината поддршка за време на претстојното романско претседавање со Европската Унија од јануари идната година”, рече Пажин.

Тој нагласи дека приоритетите на Црна Гора се да ги отвори преговорите за останатите две поглавја од областа на конкуренцијата и заштитата на животната средина и да ги интензивира активностите во правец на затворање на поглавјата од преговорите.

Спонзорирано: