4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кандидатот на Трамп за Врховниот суд пред ново обвинение за сексуална злоупотреба

Кандидатот на Трамп за судија на Врховниот суд, Брет Кавано, е под нови обвиненија за сексуален напад. Овој пат тој е обвинет за сексуална злоупотреба на жена која одела со него на колеџ, сега 53-годишната Дебра Рамирез.

Дебра Рамирез тврди дека Кавано се соблекол пред неа за време на една забава. Списанието „Њујоркер“, каде што е објавена сторијата, потенцира дека ниту еден друг учесник на забавата не можел да го потврди тврдењето на Рамирез.

Инаку, Брет Кавано е кандидат на американскиот претседател Доналд Трамп за Врховниот суд. Кавано е обвинет за сексуална злоупотреба од калифорниската професорка Кристин Блејзи Форд. Таа тврди дека нападот се случил на средношколска забава кога имала 15, а тој имал 17 години. Таа раскажа дека Кавано ја турнал и се обидел да ја соблече, но тој ги отфрла обвиненијата.