10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Камион удри во школски автобус: Двајца мртви

Во сообраќајна несреќа која утринава се случи во Полска загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училишен автобус. Според полските медиуми камионот удрил во училишниот автобус при што животот го загубиле две повозрасни лица чии идентитети не се објавени.

Три деца кои се наоѓале во автобусот се итно пренесени во најблиската болница каде им е извршен преглед, бидејќи се здобиле со повреди, додаваат медиумите.

Несреќата се случила денеска во близина на селото Тирово, во јужниот дел на земјата.

Спонзорирано: