5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хонгконг за првпат по 20 години забрани политичка партија

Хонгконг денес ја забрани Националната партија, која се залага за независност на поранешната британска колонија, што е прва забрана на некоја партија во Хонгконг по 1997 година и враќањето на таа територија под покровителство на Пекинг.

Со само десетина активни членови, Националната партија е многу скромна по големина, но таа беше доста гласно поради радикалниот дискурс.

Забраната беше силно критикувана од организациите за човекови права и од британското Министерство за надворешни работи, кои побараа почитување на слободата на изразување.

„Наредувам забрана за активностите на Националната партија на Хонгконг во Хонгконг”, пишува во соопштението на министерот за безбедност Џон Ли, објавен на владината веб-страница.

Шефот на партијата, Енди Чан, одби да ja коментира забраната засега.

Спонзорирано: