12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Голем број компании ги преселуваат своите бизниси од Кина поради американските царини

Се повеќе и повеќе азиски компании го селат своето производството од Кина во други фабрики во регионот, со цел да ги избегнат царините кој претседателот на САД, Доналд Трамп ги воведе кон кинеските производи, покажуваат последните податоци.

Компании како што се „SK Hynix“ од Јужна Кореја и „Mitsubishi Electronics“, „Toshiba Machine“ и „Komatsu“ од Јапонија планираат да го преселат производството уште од јули годинава кога беа воведени првите царини и промената на седиштата е во тек, соопштија претставниците на овие компании.

Производители како што се „Compal Electronics“ од Тајван и јужнокорејската компанија „LG Electronics“, пак како што соопштија прават планови за непредвидени ситуации во случај трговската војна да продолжи или да се продлабочува.

Брзиот одговор на американските санкции е возможен од страна на големите копмании, велат познавачите, и додаваат дека тоа е можно затоа што многу големи компании имаат фабрики во голем број земји и можат брзо да префрлат барем мал дел од производството, без изградба на нови фабрики. Некои влади, како Тајван и Тајланд, активно ги охрабруваат компаниите да го префрлат бизнисот од Кина во некој друга земја.

Спонзорирано: