13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Референдумот на 30 септември нема да успее, македонскиот народ масовно се определува за бојкот

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира“, предводен од Единствена Македонија одржа средби со граѓаните во општините Брвеница, Тетово и Јегуновце, соопштија од партијата, и додаваат дека на средбите пред граѓаните свои говори имале координаторот на Кризниот штаб против референдумот, Драган Угриновски, претседателот на Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, Бора Ристич, првенецот на Христијанско Братство Жарко Гроздановски и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

„Општ впечаток кај говорниците и граѓаните беше дека референдумот на 30 септември нема да успее, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември и одлучно кажуваат НЕ на капитулантскиот договор со Грција за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Беше упатен повик до граѓаните да не се плашат од заканите на власта оти после неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Спонзорирано: