5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Апсења поради нападите на воената парада во Иран

Голема мрежа осомничени за поврзаност со нападот на воената парада во градот Ахваз, денеска се уапсени, изјави иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алави. Во нападот беа убиени 25 луѓе.

„Ќе ги идентификуваме сите теориристи кои се поврзани со овој напад. Голем дел од оваа мрежа се веќе уапсени“ рекол Махмуд Алави, пренесе Ројтерс.

За време на воената парада во саботата, вооружени лица отворија оган во градот Ахваз, при што беа убиени 24 припадници на Револуционерната гарда.

Во нападот се повредени повеќе од 60 лица, а одгвоворност презеде Националното движење на Ахваз, за кого се тврди дека е поврзан со САД и Израел.

Револуционерната гарда се закани со смртоносна одмазда, а Техеран ги обвини земјите од Персискиот залив за пружање поддршка на напаѓачите.

Спонзорирано: