11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Познатиот милијардер тврди: Биткоинот ќе биде поголем од интернетот

Познатиот милијардер Тим Дрејпер и натаму е уверен дека биткоинот до 2020 ќе достигне вредност од 211.000 евра.

Како што вели, тој очекува дека криптовалутите ќе бидат нешто најголемо – „поголемо од интернетот“.

Овој ентузијаст е познат и по вложувањето во Тесла, Скајп, Хотмејл…

– Ова ќе биде нешто големо. Претходно тоа го предвидов и останувам на тоа – биткоинот ќе вреди 250.000 долари до 2022, рекол тој.

Инаку, Тим изгубил многу кога банкротирала платформата за тргување со криптовалути Mt. Gox. Тој меѓутоа, и натаму верува во иднината на дигиталните валути, посебно „блокчејн“ технологијата.

– „Блокчејн“ технологијата ќе биде поголема од самиот интернет.

Спонзорирано: