19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Богоев се ожени пред неколку дена, а еве што еден таксист од Скопје раскажа за него

Младиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој пред некоја вечер се ожени, раскажува за една интересна ситуација:

“Таксистот, Се возам вчера во такси од Карпош 4 до Капиштец. Таксистот ме препознава и веднаш започнува разговор.

– Господине Спасов-вели-. Знаете ли што ми се случи деновиве? Што?- го прашувам заинтересирано и очекувам некоја непријатна работа. “Во моето такси-вели тој пред некој ден се качи она младото момче што е градоначалник на општината Карпош”, Стефан Богоев – го потсетувам. “Да- вели тој.Го возам и тој ме прашува дали има нешто што ми пречи во општината Карпош? Му велам: Градоначалниче. Гледате броеви на зградите по улицата Партизанска?
Гледа градоначалникот и вели. Еј. Вистина нема. Е тоа ми пречи му реков- ми објаснува таксистот. И знаете што се случи? Поминувам по улицата Партизанска само неколку дена по тој случаен разговор и гледам броеви ставени на секоја зграда и од левата и од десната страна. Уште не можам да поверувам дека ова се случува кај нас-вели тој и констатира. “Камо среќа да имаме градоначалници низ цело Скопје како овој во Карпош”. Некако ми дојде мило да слушнам дека и убави работи се случуваат и има луѓе што знаат да ги забележат и да ги кажат.“

Инаку градоначалникот на Карпош Стефан Богоев пред неколку дена се ожени. Тој е најмладиот македонски градоначалник во моментов.

Спонзорирано: