4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Трик за совршено сочно месо: Пред печење направете го ова и никогаш нема да биде жилаво или суво

Сочно, печено месо кое едноставно се топи во уста – нема ништо повкусно!

Сè што е потребно за месото да не биде суво, е пред термичката обработка да отстои некое време во маринада.

Маринадата подгответе ја по желба, има безброј варијанти, а ние ви донесуваме една прилично универзална и едноставна.

Состојки: 1/2 шолја маслиново масло, 1/2 шолја пиво, 1 лажица мед, 1 лажица сол, 3 чешниња лук

Начин на подготовка:

Изгмечете го лукот додека не стане кремаст, па додајте маслиново масло, сол, пиво и мед. Добро измешајте.

Месото исечкајте го по желба и прелијте го со маринада. Оставете во фрижидер најмалку три часа (а најдобро преку ноќ), па испечете или испржете.