9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Диета за мрзливи: Пијте го овој сок, килограмите сами ќе исчезнуваат

Пробајте ја оваа напивка која е вкусна, лесна за подготовка, а го забрзува метаболизмот и ви помага да се ослободите од вишокот килограми додека удобно седите во вашата фотелја.
Не велиме дека е добро да заборавите на вежбање, но ако денес баш ве мрзи да се придвижите, има и други решенија!

Состојки: 2 супени лажици мед, 1 супена лажица цимет, 250 мл вода

Начин на подготовка:

Препорачаните количини може да се менуваат, но важно е секогаш да користите две мерки мед и една мерка цимет. Подгответе онолку колку што ви е потребно.

Зовријте ја водата. Ставете ја врелата вода преку циметот. Прекријте го садот и оставете го да се олади до температура на која може да го консумирате пијалокот.

Додајте го медот кога пијалокот е изладен. Никогаш не ставајте мед во врела вода, бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи на медот.

Испијте половина од пијалокот пред спиење. Другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро – но без претходно да ја подгревате.

Тоа е сè! И запомнете – овој рецепт делува само кога се конзумира на празен стомак.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Спонзорирано: