11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
Uncategorized

Семејна драма со трагичен крај: Снаата ја истепала, па свекрвата се обесила во дворот

Мештаните на Подравина се во шок откако една старица извршила самоубиство откако нејзината снаа ѝ удрила шамар. Свекрвата стара 70 години, која била нападната од 20-годишната снаа, два дена после семејното насилство во кое учествувале сите членови од нејзиното семејство се обесила на семејниот имот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, старицата имала одредени психички проблеми.

Имено, свекрвата имала потешкотии со секоја девојка на нејзиниот 41-годишен син.

Сегашната снаа трпела разни непријатноста и во неделата избувнла, па ѝ удрила шамар на свекрвата. Во кавгата се вклучил и синот, кој гледајќи како му ја удира мајката се свртел кон својата сопруга и почнал да ја навредува дека ќе ја избрка од дома и заедничкото дете ќе остане кај него.

Два дена подоцна свекрвата се самоубила.

Спонзорирано: